Гостивар како Обединети Нации…. го промовираше засилувањето од Шкотска

511

Тимот на Гостивар промовираше засилување од Шкотска. И тоа дочекавме во ПМФЛ шампионатот. Досега немало Шкот, ама ете, Гостивар се погрижи и за тоа. Се работиза некогашниот играч на Лидс, Ли Ервин кој што во моментов има 30. години. Се работи за офанзивец кој што неколку дена е дел од тимот на Гостивар, а клубот денеска и официјално го промовираше.

Има настапи и за младинските сеелкции на Шкотска, а потекнува од школата на Мадервел.

Настапувал и за тимот на Олдам, на Бури во Англија, потоа за тимот на Трактор Шази, на Рос Каунти, Сент Мирен, па се сели во Финска, каде што играл за тимот на Хака, а последно за тимот на Хелсинки.

Па така, сега во тимот на Гостивар има интернационалци од Германија, Албанија, Турција, Гвинеа Бисао, Сенегал, Мароко, а тренерот е од Бразил.

ПретходноАљоша Асановиќ гостин на ФФМ и на претседателот Омерагиќ (ВИДЕО)
СледноЈунајтед го промовираше новиот дефанзивец