По Никола Стоилевски, Стефан Атанасовски, Стефан Јовевски и Јован Фичорски, тимот на Пролет зимава се засили и со Есад Дрпљанин. Левото крило кое што последно настапуваше за тимот на ГА, а во кариерата ги има брането и боите на Бутел.
Со ова Пролет комлетираше цел еден сет на засилувања за продолжетокот на сезоната.
„Тренерот Матлиески ќе има на располагање збогатен играчки ростер, а сите во Пролет сме максимално горди што нашиот клуб повторно е единствен во Супер-лигата што ќе игра со стопроцетнтно македонски ростер, без ниту еден странски ракометар“, задоволно порачуваат од раководството на РК Пролет.