Милан е блиску до својата главна цел!

117

Милан напредува во преговорите со Фенорд за Сантијаго Хименез. „Росонерите“ прават се за да го обезбедат потписот на мексиканскиот интернационалец и во оваа фаза веројатноста за договор е голема.

Според последните информации, двата клуба постигнале начелен договор за условите под кои Хименез ќе се пресели во Милан. Италијанскиот гигант понуди 32 милиони евра, но во оваа сума не се вклучени бонуси. Желбата на Фенорд е да добие 40 милиони за неговиот најконвертибилен фудбалер.

23-годишниот Хименез веќе ги прецизираше личните услови. Кога ќе се постигне конечен договор за неговата цена, напаѓачот ќе отпатува во Милано.

Мексиканецот роден во Буенос Аирес има италијански пасош, што го прави уште поапетитен залак за Милан бидејќи нема да зазема квота за странец надвор од ЕУ.

Доаѓањето на Хименез ќе даде зелено светло за разделба од Алваро Мората. Шпанскиот интернационалец ќе биде испратен на позајмица во Галатасарај. Младиот Франческо Камарда ќе ја засили Монца.

ПретходноГидсел: Ако треба ќе играм без нозе и без глава!
СледноДанците осум години немаат пораз на Светските првенства!