Саудиските милиони го принудија Порто да се раздели со една од своите ѕвезди

181

Порто направи уште еден импресивен трансфер. Португалскиот тим долги години ги продаваат своите водечки играчи за огромни суми, а зимава исто така не пропуштија да ја наполнат касата.

Португалскиот гигант доцна синоќа го потврди договорот со Ал Ахли за крилниот напаѓач Галено. Бразилецот кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, а Порто ќе добие 50 милиони евра.

27-годишниот Галено пристигна во 2016 година и првично беше дел од резервниот тим. Бразилецот имаше позајмици во Портимоненсе и Рио Аве, а во 2019 година потпиша со Брага за 4,3 милиони евра, но Порто задржа 50% од правата.

Во 2022 година, Галено се врати во „змејовите“ и стана една од ѕвездите на тимот. Тој го напушта клубот по вкупно 153 натпревари и 45 гола со сино-белиот тим.

ПретходноДанците осум години немаат пораз на Светските првенства!
СледноАљоша Асановиќ гостин на ФФМ и на претседателот Омерагиќ (ВИДЕО)