Во рамките од тековните подоготовки, тимот на Тиквеш предмалку го одигра својот четврти пријателски меч зимава.
Против лигашот од Србија, Земун, а мечот заврши 0:0. Истиот се играше во Охрид каде што Земун веќе десетина дена е на подготовки.
Тиквеш сеуште што се вели се воигрува особено во напаѓачките редови каде што донесе неколкумина нови играчи зимава.
Ефикасноста беше голем проблем во Кавадарци есеноска, и тоа е причината што Тиквеш и ја заврши полусезоната со толку малку бодови.