Шок за Реал: Ромеро го направи невозможното на „Ел Прат“

124

Фудбалерите на Еспањол направија историски резултат на мечот со Реал (М) во рамките на 22. коло од шпанската Ла Лига. Каталонците успеаја да слават со 1:0 против лидерот на табелата и да им направат услуга на Атлетико (М) и Барселона кои се во „лов“ на „кралевите“.

Иако Реал доминираше, креираше шанси и се обидуваше да го држи домашниот тим под целосен притисок, не успеа да најде начин да го отвори резултатот. Во 21. минута Винисиѕс постигна гол, но судијата го поништи неговиот гол поради прекршокот кој го направи Килијан Мбапе.

Казната стигна испорачана од Карлос Ромеро во 85. минута. Дефанзивецот на Еспањол успеа да го матира Куртоа на пет минути пред крајот и да приреди голем шок за лидерот, кој по овој трет сезонски пораз има само бод предност пред градскиот ривал Атлетико и седум пред Барселона, која утре со победа ќе може да им се приближи на минус 4.

ПретходноМемфис сака да се „откачи“ од Маркус Смарт
СледноАл Ахли плати 50 милиони евра за Галено од Порто