Аталанта и Торино ремизираа во Бергамо, „Божицата“ полека отпаѓа од трката за титула

44

Фудбалерите на Аталанта и Торино ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Нашиот репрезентативец Ељиф Елмас кој пред неколку дена потпиша за „биковите“ не беше во составот за овој натпревар.

Во 21-та минута Беланова постигна погодок за водство на Аталанта, но истиот беше поништен поради игра со рака. Сепак во 35-тата година Џимшити и донесе водство на „божицата“. Само 5 минути подоцна Марипан го изедначи резултатот и го постави конечниот резултат. Во 74-тата минута Ретеги промаши пенал за победа на Аталанта.

Со ова реми Аталанта се наоѓа на 3-тото место со 47 бода, а Торино на 11-тото место со 27 бода.

ПретходноКожув го демолираше Пелистер!
СледноНа 500-тиот меч на Симеоне: Атлетико ја совлада Мајорка и држи чекор со Реал