Гидсел: Ако треба ќе играм без нозе и без глава!

87
Фото: ИХФ/Колектиф

Данска ја совлада Португалија со 40:27 и ја продолжија серијата доминантни победи. Противник на актуелниот светски првак во финалето ќе биде Хрватска која приреди вистинско чудо против Франциј. Мечот за златен медал е закажан за во недела во 18 часот во Баерум, Норвешка, предградие на Осло.

Матијас Гидсел, кој е прв стрелец 64 гола и така ќе го заврши овој шампионат најави дека ако треба без нозе и глава ќе игра во финалето.

„На полувремето разговаравме за некои работи и во второто полувреме покажавме колку навистина сме добри. Ние сме тимот што треба да го победиш за да станеш светски шампион. Горд сум на овој тим. Не само затоа што сме одлични ракометари туку затоа што се држиме заедно и се поддржуваме еден со друг.

Сега можеме повторно да освоиме злато. Веројатно се ќе ме боли, но ќе играм во недела и без моите нозе или без глава ако треба. Со нетрпение ја очекувам можноста да го донесам златото дома во Данска“, изјави Матијас Гидсел, најдобриот стрелец на Данска и најдобар играч на светот.

ПретходноАморим: Треба да произведеме повеќе играчи од академијата за да можеме да ги продадеме
СледноМилан е блиску до својата главна цел!