Во очекување на утрешното финале на Светското ракометно првенство меѓу Хрватска и Данска, легендарниот дански голман Каспер Хвид (48) вели дека данскиот селектор Николај Јакобсен ќе мора да направи некои структурни промени во тимот, особено на начинот на кој Данска ќе напаѓа.
„Хрватска може да ги покрие Данците со одбраната 5-1. Тие им направија хаос на Словенија, Исланд и Франција. На Данска ќе и биде многу тешко ако одиграат шест против шест со таква одбрана. Според мене Јакобсен ќе бара игра седум против шест. Така полесно ќе се дојде до целта, головите“, вели Хвид.
Данска многу ретко играше седум на шест на ова првенство, но немаше потреба затоа што ги доби сите натпревари повеќе од убедливо.