Каква драма: Феникс од -17 до победа против Тиквеш после две продолженија

35

Последниот меч од денешната програма во Првата лига донесе неизвесна завршница. Иако се чинеше дека Тиквеш ќе се врати од Скопје ќе се врати со лесна победа, но сепак овој дуел беше решен по голема драма, поточно после две продолженија.

Феникс успеа да се врати од негатива од 17 поени, а потоа да го добие маратонот во СЦ „Јане Сандански“ со 112-103.

Во последната четвртина одигра на врвно ниво, по поените на Шепард за 85-85 во регуларниот дел, Тиквеш не успеа да реализира за победа. Првото продолжение не го даде името на победникот, веќе во второто, домашниот тим предводен од Шепард, Тимоти и Стојковиќ успеа да приреди целосен пресврт и да поведе со 108-103. Сето ова беше повеќе од доволен мотив за да скопскиот тим го приведе мечот во своја корист и да слави големи бодови.

Митревски имаше 26 поени и 7 скока, зад него беше Шепард со 20 поени, 8 скока и 9 асистенции. Кај поразениот тим Пантелиќ имаше 25 поени.

ПретходноНоле се опоравува брзо, ќе може да игра и во Доха?
СледноМемфис сака да се „откачи“ од Маркус Смарт