Кожув во голем стил им се врати на победите. Гевгеличани на домашен терен дојдоа до убедлива победа од 91-73 против Пелистер во меч од 16-то коло во Првата лига. За кошаркарите на Кожув ова е 10-та победа, имаат и шест порази. Практично ова беше пресметка меѓу два тима кои се борат за петтото место на табелата.
По релативно изедначената прва четвртина која домаќинот ја заврши во своја корист со 28-23, следеше фуриозен период на гевгеличани. Со серија од 10-2 поведоа со 41-27, на одморот имаа водство од плус 17 (52-35). Иако се очекуваше битолчани да се вратат на оваа средба сепак тоа не се случи. Гевгеличани ја продолжија својата доминација и на крајот сосема заслужено се радуваа на победата.
Стевановиќ со 31 поен беше лидер кај победникот, зад него беа Вилсон со 16 поени, како и Колев и Пилепиќ со по 13 поени. Кај Пелистер, Мишковиќ имаше 19 поени и 11 скока.