Ливерпул веќе заработи 100 милиони евра од Лигата на Шампионите!

170

Иако има уште многу да се игра за да се стигне до пехарот во Лигата на Шампионите, сепак треба да се каже кој од клубовите во изминатата лигашка фаза од новиот формат, заработил.

Ливерпул беше прв по 8.коло, со само еден пораз на осум средби и тоа беше доволно за заработка од цели 100 милиони евра. Оваа сума ќе беше уште поголема ако “Редси“ не беа поразени од ПСВ во последното коло, исто така треба да се каже дека играа и со комбиниран состав.

На второ место по заработка, секако досега, е Арсенал (91 милиони евра), Барселона (90 милиони), Леверкузен (89 милиони), Атлетико Мадрид (86 милиони), Интер (86 милиони).

Ова се суми дадени од специјализираните познати портали, УЕФА допрва треба да ги потврди.

Се разбира со новиот формат во ЛШ, доаѓаат и поголеми пари.

ПретходноИ ОФС Штип е за Масар Омерагиќ! (ФОТО)
СледноФиладелфија без одговор за Никола Јокиќ и дружината (ВИДЕО)