Мемфис сака да се „откачи“ од Маркус Смарт

41

Еден од најдобрите тимови во Западната конференција на НБА лигата, Мемфис е подготвен да тргува со Маркус Смарт. Гризлис го вклучија ветеранот во трговските разговори во последните недели и наскоро очекуваат финализација на трејдот. Смарт одигра само 38 натпревари во последните две сезони поради повреди.

Џејлен Велс, Џеј Џексон и Винс Вилијамс во отсуство на Смарт играат одлично, а самиот Смарт се уште е надвор од теренот поради повреда на прстот. Со отпишување на договорот на Смарт вреден 21,6 милиони долари до сезоната 2025-2026, Гризлис ќе можат да го продолжат договорот на Џерен Џексон Џуниор и повторно да потпишат со Санти Алдама.

ПретходноКаква драма: Феникс од -17 до победа против Тиквеш после две продолженија
СледноШок за Реал: Ромеро го направи невозможното на „Ел Прат“