МОК го одржа редовното Собрание

21

Македонскиот Олимписки комитет денеска оддржа седници на Управниот одбор и редовното годишно собрание. На истите едногласно беа усвоени финснискиот извештај, предлог буџетот за 2025 година, комплетниот извештај за работа во изминатата 2024 година како и новиот состав на Собранието на МОК, комисиите, надзорниот одбор, Спортскиот директориум и составот на Спортско Арбитражниот Суд (САС) сите за мандат 2025- 2029 година.

На седницата беше проширен и Управниот одбор со нови членови.
Беа презентирани и едногласно поддржани предлог статутарните измени кои што ќе бидат формално правно усвоени од страна на новиот состав на собранието во периодот што следи.
На самиот крај беше формирано ново тело – Македонска Олимписка дијаспора со три региони, Америка, Европа и Австралија коешто ќе се грижи за контакти со македонската дијаспора во функција на откривање на нови надежни спортисти со македонско потекло и корени како и поврзување на нашите иселеници со својата татковина преку спортот.
Целосниот состав на сите избрани органи и тела на следниве линкови:
ПретходноПред финалната пресметка: Данска го собори рекордот на Хрватска стар 22 години
СледноБез разлика дали ќе бидат златни или сребрени: Во Загреб се подготвува спектакл за ракометарите!