Несторовски погоди за Славен во ремито кај Шибеник (ВИДЕО)

56

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го постигна единствениот гол за екипата на Славен Белупо во денешното реми 1:1 на гостувањето кај Шибеник. На мечот од 20. коло, Несторовски го отвори резултатот уште во втората минута, по една мешаница пред домашниот гол.

За нашиот интернационалец ова беше трет погодок сезонава, со што се израмни по бројот на постигнати голови во Митровски од Вараждин. Славен Белупо со овој бод останува во златната средина на табелата.

ПретходноПелистер се сели во Стара Пазова, Алонсо порача: Тимот е спремен да ги издржи сите напори и предизвици
СледноМЗТ Скопје и Работнички според планот, Куманово ја доби драмата со Гостивар!