Новак Ѓоковиќ ќе биде подготвен за настап на турнирот во Доха. Иако првично, врз основа на снимките на повредата на бутниот мускул, се очекуваше пауза од неколку месеци, шестиот светски рекет ќе почне да тренира во следните неколку дена.
Ѓоковиќ рехабилитацијата ја започна во Србија, а поради повредата го загуби полуфиналниот меч од Александар Зверев на Австралија Опен откако го загуби првиот сет.
Турнирот во Доха на кој ќе настапат сите најдобри тенисери почнува на 17 февруари.