Пријателски: Гостивар поразен од Уљаник, Македонија ЃП ремизираше со полска Арка

145

Фудбалерите на Гостивар беа поразени на денешниот пријателски меч со хрватскиот тим Уљаник со 1:0 за време на подготовките во Ровињ. Хрватскиот третолигаш славеше со гол постигнат во 80. минута. Поразот доаѓа само неколку дена по победата над Сараево.

За време на зимските подготовки, денеска тест-меч имаше и второлигашот Македонија ЃП. Ѓорчепетровци се сретнаа со полска Арка и одиграа без голови, 0:0.

Без голови заврши и пријателскиот меч меѓу Кожуф и Беласица (0:0), додека Борец минимално со 1:0 го доби пријателскиот меч со Тетекс.

Башкими со 2:1 славеше на пријателскиот дуел со Осогово, додека Слога Виница со убедливи 3:1 го победи Вардар Неготино.

 

ПретходноМЗТ Скопје и Работнички според планот, Куманово ја доби драмата со Гостивар!
СледноСалах го мина Лампард и се искачи на 6. место на листата на најдобри стрелци