Мохамед Салах го игра фудбалот на кариерата. Нови два гола за еѓипќанецот со кој му донесе на неговиот Ливерпул победа од 0:2 на гостувањето кај Борнмут.
Најпрво во првото полувреме од пенал, а потоа на дваесетина минути до крајот на мечот за да ја завери победата.
Од друга страна пак, Евертон со 4:0 го совлада Лестер на свој терен, а стрелци се Дукуре, Бето на два пати и Ндијае.
Ипсвич направи кикс со поразот од Саутемптон со 1:2, а идентичен проблем си направи Њукасл со поразот од Фулам.
Следува мечот Вулверхемптон – Астон Вила со почеток од 18:30.