Струмица и Штип со победи ја најавија одбојкарската пролет

44

Втората фаза од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција стартуваше викендов. По комплетирањето на првата фаза од сезоната, првите шест екипи на табелата (Струмица 47&72, Штип УГД, Борец, Шкендија, Универзитет во Тетово и Работнички 71&22) продолжија во т.н. втора фаза 1, додека тимовите од 7. до 13. место на табелата (Вардар, Лирија, Македонија Џио, Скопје, Сушево, Весна Пробиштип и Јанта Волеј) тргнаа со т.н. втората фаза 2.

Викендов еден од кандидатите за титулата, екипата на Шѕип УГД беше сигурна на отворањето на пролетта со убедлива победа од 3:0 над Универзитет во Тетово. Очекувано, Струмица ги однесе бодовите на мечот со Работнички, но гостите покажаа дека имаат одличен состав и добро ги намачија струмичани во првите два сета. Малку недостасуваше овој меч да трае и подолго. Сигурна победа обезбеди Борец на домашен терен против Шкендија.

Во плеј-аутот драмата во пет сета и припадна на Лирија на мечот со Јанта Волеј, додека Сушево и Весна Пробиштип дојдоа до максимални победи на гостински терен.

ПРВА ЛИГА МАЖИ, ВТОРА ФАЗА 1, РАСПОРЕД 1. КОЛО:

Штип УГД – Универзитет во Тетово 3:0 (25:19, 25:13, 25:10)

Струмица 47&72 – Работнички 71&22    3:0 (26:24, 25:23, 25:16)

Борец – Шкендија     3:0 (25:19, 25:13, 25:15)

ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-ОФ): 1. Струмица (39), 2. Штип УГД (36), 3. ГОК Борец (32), 4. Шкендија (25), 5. Универзитет во Тетово (24), 6. Работнички 71&22 (23).

ПРВА ЛИГА МАЖИ, ВТОРА ФАЗА 2, РАСПОРЕД 1. КОЛО:

Скопје – Сушево        0:3 (17:25, 23:25, 21:25)

Лирија – Јанта Волеј  3:2 (17:25, 25:20, 25:15, 21:25, 15:9)

Македонија Џио – Весна Пробиштип    0:3 (19:25, 24:26, 24:26)

ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-АУТ): 1. Лирија (18), 2. Вардар 1947 (15), 3. Сушево (11), 4. Весна Пробиштип (10), 5. Скопје (9), 5. Македонија Џио (9),7. Јанта Волеј (1).

ПретходноНа 500-тиот меч на Симеоне: Атлетико ја совлада Мајорка и држи чекор со Реал
СледноДоргу ги мина лекарските прегледи, потпишува со Манчестер Ј.