Филаделфија без одговор за Никола Јокиќ и дружината (ВИДЕО)

189
Фото: Денвер Твитер
0

Во синоќешното НБА дерби, Денвер Нагетс славеа победа против Филаделфија 76ерс. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 134:137 (36:38, 33:35, 31:30, 34:34) Како и секогаш, кога е во прашање дуелот меѓу Никола Јокиќи Џоел Ембид, но овој пат кај домашниот тим сите работи во свои раце ги превзема Тајрис Макси.

Иако Макси одигра страшен натпревар и погоди шест тројки од 11 обиди, ниту тоа не беше доволно за победа. Макси го заврши натпреварот со 42 поени, два скока и девет асистенции на 15/26 шут од поле.

Нагетс до победата ги предводеа Џамал ​​Мареј со 31 поен, шест скока и 11 асистенции и маестралниот Никола Јокиќ, кој постигна 28 поени, заедно со девет скока и 13 асистенции, а беше на еден скок до нов трипл-дабл.

На останатите средби: Ла Клиперс беше подобар од Шарлот со 112-104, Детроит славеше против Далас со 117-102, Чикаго беше подобар од Торонто со 122-106, Њу Орлеанс беше поразен од Бостон со 116-118, Сан Антонио дојде до убедлива победа против Милвоки од 144-118, Голден Стејт на домашен терен не се снајде против Феникс, кој славеше со убедливи 130-105.

ПретходноЛиверпул веќе заработи 100 милиони евра од Лигата на Шампионите!
СледноРаздор во Милан: Дел од играчите незадоволни од тренерот Консеисао!