Велешки Борец денеска доведе ново засилување. Станува збор за млад 22-годишен ракометар, Бариша Цвитановиќ, кој ќе ги засили велешани на левата бековска позиција.
Цвитановиќ во екипата на Борец доаѓа од екипата на хрватски Метковиќ. Борец го најави како големо засилување за вториот дел од сезоната.