Данска лесно ја совлада Португалија (40-27) и се пласираше во финалето на Светското првенство каде ќе игра против Хрватска. Данците ја продолжија невидената доминација на светските првенства, трипати по ред освојувајќи злато.
Последниот пораз на Данците на Мундијалот беше во 2017 година од Унгарија во осминафиналето на турнирот во Франција. После ова, Данците освоија три шампионски титули, победија на 35 натпревари и едно реми, само против Хрватска (32-32) во второто коло пред две години. Во четвртфиналето во 2021 година имаа проблеми против Египет, но се пласираа по изведувањето на пенали од седум метри.
На овој турнир Данците постигнуваат 37,3 гола (примајќи 23,9) по натпревар, а ја победија Чешка само со помалку од 10 гола разлика. Победуваат со просечни 13,6 гола разлика, а не им се доближија Германија (40-30), Бразил (33-21) и Португалија (40-27).
Ова е само еден од фактите кои говори за силата и квалитетот кој го поседува Данска. Дали нивната серија ќе продолжи, одговорот ќе го добиеме утре.