МЗТ Скопје и Работнички според планот, Куманово ја доби драмата со Гостивар!

51

МЗТ Скопје продолжи победнички во Првата лига. Актуелниот македонски првак дојде до седмата победа во низа, вкупно 13-та оваа сезона, откако го совлада Чаир со 86-74. Со новите бодови „сино-белите“ ја одржаа минималната бодовна предност на врвот на табелата.

Две добри четвртини беа доволни за да избраниците на Васко Атанасов за да чекорат триумфално пред своите навивачи. На одморот кошаркарите на МЗТ Скопје водеа со 52-31.

Магдевски постигна 14 поени, два помалку имаше Војдан Стојановски. Кај гостите Кели имаше 19 поени.

Работнички ја оправда улогата на фаворит против Вардар совладувајќи го со 112-73 . За најтрофејниот кошаркарски колектив ова беше десета победа оваа сезона. Дуелот го реши после една четвртина, во воведните десет минути беше подобар со 35-18, додека потврда за победата дојде на одморот кога позитивата беше 64-26.

Ѓуроски со 21 поен и Хот со дабл-дабл од 20 поении 17 скока  беа лидери во редовите на победничкиот тим, на другата страна Настовски имаше 13 поени.

На дуелот меѓу двата тима кои бараа кам-бек на победничките патеки, беше подобар Кумановсо кој на гости кај Гостивар славеше со 56-62. За избраниците на Марин Докузовски ова беше 10-та победа оваа сезона. 

Си чинеше дека гостите го имаат мечот, но во последната четвртина беше вистинска драма. По последните плус 10 за Куманово, домаќинот со серија од шест поени во низа дојде на минус 4 (47-51). Докузовски повика тајм-аут, а неговите кошаркари одржуваа ветувачка позитива.

Откако Куманово не успеа да искористи напад при 53-58 на другата страна домаќинот реализираше за 55-58. Лука Димитриевски реализираше едно од двете слободни фрлања за 55-59 на 20 секунди до крајот. Гостивар се обиде со тројка да се врати целосно во дуелот, но не успеа. Луковиќ зголеми на 55-60 (1/2 од линијата за слободни фрлања). Домашните кошаркари и покрај желбата на крајот мораа да се помират со пораз.

Луковиќ со 16 поени и Тадиќ со 13 поени беа лидери кај гостите, во редовите на поразениот тим, Елис имаше 20 поени.

ПретходноНесторовски погоди за Славен во ремито кај Шибеник (ВИДЕО)
СледноПријателски: Гостивар поразен од Уљаник, Македонија ЃП ремизираше со полска Арка