Пелистер се сели во Стара Пазова, Алонсо порача: Тимот е спремен да ги издржи сите напори и предизвици

76

Тренерот на Пелистер, Раул Алонсо пред заминувањето на подготовките во Стара Пазова, порача дека во изминатиот период се работело интензивно, и дека актуелниот првак ќр биде подготвен за предизвиците што допрва следуваат. Во Стара Пазова ќе се приклучат и ракометарите кои настануваа на Светското првенство.

“Напорно работевме, имавме многу тренинг сесии, а и интензитетот беше силен. Атлетскиот дел исто така ни е важен и можевме мирно да работиме на тоа. Одигравме неколку тест натпревари и сега заминуваме на припреми во Србија. Ни се приклучуваат репрезентативците и така ќе можеме да ги споиме двете групи на ракометарите кои играа на Светското првенство и оние кои работеа тука во Битола. Тимот е спремен да ги издржи напорите на многубројните и наближени натпревари до крајот на сезоната. Но, ние не сме единствени кои го имаат тој предизвик пред себе. Знаеме какви противници имаме, но ќе бидеме подготвени”.

Шпанскиот стратег потенцира дека повредата на Нејц е сериозна, и верува дека ќе се врати посилен.

“Повредата на Нејц е лоша вест за нас. Навистина жалам за него, но повредите се составен дел од спортот. Беше болно и скршени ребра не е едноставна повреда. Верувам дека добро ќе заздрави, а ние ќе се обидеме да го надоместиме неговиот изостанок. Му посакувам добро заздравување и го чекаме назад во тимот”.

ПретходноСалах не застанува, му донесе нов триумф на Ливерпул
СледноНесторовски погоди за Славен во ремито кај Шибеник (ВИДЕО)