Пет прволигашки пресметки: МЗТ Скопје по зацврстување на врвот!

56

Денеска на програмата е 16-то коло во Првата лига. Пет натпревари ќе се одиграат денеска, додека колото ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Шкупи и ТФТ.

Бранителот на титулата и лидер на табелата, МЗТ Скопје е домаќин на Чаир, дуелот е закажан во 17 часот. Во истиот термин Гостивар ќе го пречека Куманово, двата тима ќе бараат рехабилатација по поразите од минатото коло. Работнички ќе има полесна задача, ќе игра против Вардар, меч кој исто така стартува во 17 часот.

На останатите средби, Пелистер е гостин на незгодниот Кужув (18 часот), додека два часа подоцна Феникс го пречекува Тиквеш.

ПретходноНотингем му даде седум гола на Брајтон
СледноЕсад Дрпљанин е нов ракометар на Пролет