Во пресрет на денешното големо дерби со Милан, Интер утринава се пофали со Никола Залевски (23) како ново засилување во овој зимски преоден рок.
Станува збор за дефанзивец на Рома, кој доаѓа во Интер на позајмица со можност во јуни и целосно да биде откупен од клубот од Милано. Залевски е роден во Рим, но по потекло од Полска и затоа игра за оваа селекција. Досега “собра“ 27 мечеви за Полска на кои постигна три гола.
Со Залевски стратегот Симоне Инзаги секако дека ќе има опција повеќе во дефанзивниот ред на својот тим.