Лазаров пред финалето: Не знам дали памтите, но Македонија ја победи оваа Данска!

1145

Кирил Лазаров е гостин во студиото на МРТВ пред почетокот на финалниот натпревар меѓу Хрватска и Данска на Светското првенство. Предводникот на нашиот најдобар национален тим со своите момци имаа одличен настап на овој шампионат, завршија на 15-место.

Тој имаше интересен коментар за Данска, потестувајќи дека Македонија во квалификациите за ЕП 2022 година го победи актуелниот светски првак во овој состав, во дебито на Лазаров како селектор.

„Не знам дали паметите дека Македонија ја победи оваа Данска во Скопје со овој ист состав“, рече Лазаров.

Тогаш беше ковид време и за жал мечот се играше пред празни трибини.

Што се однесува до настапот, тој кажа дека процесот на подмладување беше тежок, макотрпен.

„Подмладувањето е тежок и макотрпен процес, работевме многу, но процесот не е завршен. 90% ја променивме генерацијата, ова се нови момчиња и играчи, целата јавност го препозна новиот производ што се создаваше, трета година ја признаа нашата работа, не е лесно да се носиш со квалитетни противници.

Би рекол дека и минатото Европско првенство беше успешно, игравме против послина Швајцарија која на ова Светско првенство дојде со послаб состав, а направи добар резултат. Заедно со Швајцарија бевме најмлада репрезентација на овој шампионат.  

Задоовлен сум од првенството, имавме незгодна група, ги немавме најголемите светски велеси, но знаев дека нема да биде лесно. Унгарија и Холандија играа на врвно ниво. Од момците барав да го сменат менталитетот да се борат, да не се предаваат. Сите го препознаа тој момент на борба до самиот крај“, рече Лазаров.

На прашањето дали жали за нешто, дали би сменил нешто да може, тој рече:

„Еден бод не делеше од првите осум екипи на СП, но еден бод не делеше да завршиме на 22 место. Секако дека би променил, бидејќи секогап тежнеам кон совршенство, не е лесно да се работи во Македонија. Мислам има доста простор да се поправи за да изгледа поквлитетно на теренот.  Преку мојата кариера сум навикнар одам по потешкиот пат“.

ПретходноРаботнички со триумф на Медулин Куп 2025
СледноОчајот на Манчестер Ј.: 13 домашни порази во неполни две сезони!