Сосема очекувано, Матијас Гидсел најдобриот стрелец на ова Светско првенство (74 гола) беше прогласен за најкорисен играч на шампионатот. Веднаш по завршување на финалето меѓу Хрватска и Данска, ИХФ го прогласи и дрим-тимот.
2025 Светско првенство на ИХФ за мажи – Ол-стар тим
Голман: Емил Нилсен (Данска)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Десен бек: Иван Мартиновиќ (Хрватска)
Централен бек: Мартим Коста (Португалија)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Лево крило: Дилан Наи (Франција)
Линиски играч: Виктор Итуриза (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Коста (Португалија)
Најдобар голгетер: Матијас Гидсел (Данска) – 74 голови
МВП: Матијас Гидсел (Данска)
Данска стигна до четвртата титула по ред на Светските првенства, што ја прави единствена репрезентација со вакво остварување.