Франција ја доби драмата со Португалија за петти бронзен медал на СП

68
Фото: ИХФ/Колектиф

Франција го освои четвртиот бронзен медал на Светските првенства, откако ја совлада Португалија со 35-34 по голема драма. На овој дуел правдата ја делеа македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Видовме изедначена битка на теренот, Португалија имаше шанси да се избори за продолжение, но голманот на Франција беше на вистинското место. „Триколорите“ дојдоа до петтиот бронзен медал на светските првенства.

Мин со десет гола беше најдобар кај победникот, пред Нахи со шест, а Бос, Фабрегас и Мем имаа по четири гола. Кај Португалија, Франсиско Коста и Итуриза имаа по седум погодоци.

Во првото полувреме на стартот видовме изедначен натпревар, во кој Франција успеа во неколку наврати да дојде на плус три  (15-12, 16-13, 17-14, 18-15).

Франција влезе во серија на грешки, па на другата страна Португалците по само три и пол минути игра израмнија на 19-19. Три минути подоцна за првпат на мечот дојдоа до водство од 20-21. Водството се менуваше. Густаво Капдевил ја држеше Португалија во игра, која дојде на плус два (24-26) на средината на второто полувреме.

Франција со серија од 3-0 на стартот на 50-та минута поведе со 27-26 за нови возбудувања. Чарлс Болцингер запиша две одбрани за два гола предност на „триколорите“ (31-29), Португалците како по некое непишано правило се вратија.

Се играше гол за гол, со тоа што Франција ја имаше минималната позитива од еден погодок. Во последната минута резултатот беше 34-34, Фабрегас изнуди пенал, Ричардсон реализираше за 35-34. Останаа 16 секунди надеж за Португалија, но Болцингер се најде на вистинското место и донесе бронза на својата земја.

ПретходноЛевандовски за минимален триумф на Барселона
СледноЈунајтед се избламира против Кристал Палас, Тотенхем со победа кај Брендфорд