Голманот на Данска блескаше во финалето, па откри: Не јадев ништо цел ден!

491
Фото: ИХФ/Колектиф

Емил Нилсен брилијантниот голман на Данска, се истакна во финалето на Светското првенство, во кое неговата репрезентација четврти пат по ред ја освои титулата совладувајќи ја Хрватска со 32:26. Нилсен уште од почетокот на финалето покажа дека бројките зад неговото име не се случајни.

По натпреварот и прогласувањето за најдобар голман на Светското првенство и член на идеалниот тим на првенството, Нилсен откри дека на неговото триумфално финале му претходела голема драма:

„Имав многу бурна ноќ. За малку ќе се разболев, тоа ме мачеше цела вечер. Не спиев цела ноќ, станав само околу 9 или 10 часот наутро. Се разбудив половина час пред да одам во теретана. Цел ден не јадев ништо затоа што бев многу нервозен и под стрес, па навистина сум среќен што се испадна во ред“, е изјавата на Нилсен. 

ПретходноДаниеле Малдини нов фудбалер на Аталанта
СледноПо шокантниот трејд, Лука Дончиќ се огласи во јавноста