Данската ѕвезда порача: Во Загреб можеби ќе им поминеше! Мора некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет!

1065
Фото: ИХФ/Колектиф

Ракометната репрезентација на Хрватска го освои среброто на Светското првенство. Во вечерашното финалето загуби од Данска која го освои четвртиот последователен светски златен медал со резултат 32:26. За Хрватска ова е четврти сребрен медал од светските првенства, заедно со еден златен и еден бронзен.

Данските медиуми многу пишуваат за грубата игра на хрватските играчи. Марко Мамиќ доби директен црвен картон за груб фаул над Расмус Лауге. Заменик-капитенот на Данска, Симон Питлик, во изјави за данските медиуми опиша како му бил натпреварот против Хрватска.

„Некој треба да им објасни на Хрватите дека така не се игра ракомет. Можеби тоа ќе им поминеше во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Фаулите што ги направија се луди. Само така можат да не победат. Но, не им успеа бидејќи ние сме попамтни. Добија глупави исклучувања и играа премногу со емоции. На првенството играа добар ракомет, но тоа не се случи против нас“, рече репрезентативецот на Данска.

ПретходноПо шокантниот трејд, Лука Дончиќ се огласи во јавноста
СледноНа Далас му се случи потоп после трејдот на Лука Дончиќ (ВИДЕО)