Данците: Мараш го згазна Гидсел, ова е едно од најголемите валкани дела на Хрватите!

653
Фото: Screenshot: RTL Televizija

Данска во финалето на Светското првенство ја совлада Хрватска со 32:26. По натпреварот во Осло, данските играчи, поранешни играчи и новинари изразија револт поради, како што тврдат, „валканата“ игра на Хрватите. Тие истакнаа две ситуации. Првата е онаа во која Матео Мараш го згазна Матијас Гидсел додека најдобриот играч на Данска лежеше на подот.

“Тоа е валкан потег, газење на ногата на противникот. Ваквиот испад не припаѓа никаде и ме прави навистина лут. Навистина е грдо да се гледа. Да се ​​гази на зглобот на Матијас Гидсел… Тоа е еден од најгрдите работи што сум ги видел“, шокирано зборуваше Клаус Молер Јакобсен, поранешен дански репрезентативец, а сега коментатор на ТВ2.

И Данците се згрозени од ударот на Расмус Лауге. Марко Мамиќ го удри толку опасно што доби црвен картон. Данскиот играч Симон Питлик бесен дотрча до хрватските ракометари кои го оттурнаа.

„Ова е апсолутно неверојатно. Само така можат да не победат. Не им успеа затоа што бевме попаметни“, рече Питлик.

ПретходноДвоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби
СледноНа Лука Дончиќ му препишаа „122 килограми“, Словенецот доби поддршка од Меџик Џонсон (ВИДЕО)