Захариевски: Сакаме Пелистер да игра поофанзивен фудбал!

102

Денеска Пелистер се одјави од Охрид и со тоа ја заврши главната фаза од тековните подготовки. Во овој изминат период, тимот предводен од новиот стратег Срѓан Захариевски одигра и неколку пријателски натшревари.

За тоа како ја гледа моменталната ситуација во тимот на помалку од две недели до стартот на пролетниот дел во ПМФЛ, Захариевски за клупскиот сајт истакна:

Сакаме Пелистер да игра поофанзивен фудбал, да создаваме шанси, а ни останува да видиме како сето тоа ќе го вкомпонираме во една целина.Сакаме да работиме напорно во овој период, на тоа сме целосно посветени и во тој ритам ги работиме на подготовките. Најбитно за нас е она што ќе го подготвиме, да се примени на терен на официјални натпревари, а не на пријателски натпревари. Сите фудбалери имаат иста минутажа, но на крај ќе видиме кој ќе се избори за место во првиот тим“, рече Захариевски.

ПретходноБојан Димоски пред промоција во Партизан!
СледноИ тоа се случи: Реал Мадрид и официјално се жали на судењето!