Македонскиот младински репрезентативец и дете на Вардар, голманот Лука Грчевски заминува во Црвена Звезда. Медиумите во Србија ја пренесуваат оваа информација со најава дека пристигнува еден од најперспективните млади голмани од овие простори за кого Звезда долго време барала начин како да го доведе.
Скаутинг службата на тимот од „Рајко Митиќ“ извесне период била посветена на настапите на Грчевски кој што ги импресионирал особено на дуелот кој Македонија го одигра против Хрватска, а нашиот голман одбрани пенал.
Грчевски е дете на Вардар и во моментов има 15 години. Тој се приклучува на Ристе Стоилов, МАтеј Гаштаров и Горазд Ристовски кој што се веќе дел од младинската школа на Црвена Звезда.
Влегува во генерацијата помлади кадети каде што тренер е Марко Милиќ.