Јован Манев повеќе не е член на тимот на Адана од Турција. Македонскиот репрезенаттивец преку социјалните мрежи предмалку и официјално се раздели од неговиот досегашен клуб, и напролет ќе го гледаме во нова средина.
„Адана ти благодарам за се“ – напиша Манев објавувајќи дека си заминува од клубот кој изминатиов период имаше многу проблеми.
Последнопласиран е на табелата, имаше многу шпекулации дека има и финансиски проблеми и дека поради долгови ќе биде исклучен од Супер лигата.
Манев дефинитивно значи го напушта клубот во кој доживеа полна афирмација и преку кој стигна и до А репрезентацијата на Македонија.