Тиквеш конечно го промовираше големото засилување зимава, некогашниот репрезентативец на Финска, Берат Садик. Момчето кое што своевремено беше поврзувано и со дресот на Македонија, пристигнува како засилување за тимот кој напролет мора да обезбеди спасоносни бодови за опстанок.
Има огромно интернационално искуство и е уште еден плус во целиот напаѓачки сет кој што зимава пристигна во Кавадарци.
Од друга страна пак, кам бек во дресот на Тиквеш прави и Александар Мишов, кој што по интернационалниот престој повторно се враќа во Кавадарци и тоа во многу важен момент. Потребен му е на клубот да за се обезбеди прволигашки статус, а напаѓачот тоа го препозна.