Алкалоид оди по четвртфинале, познати се термините за двомечот со Бриксен!

148

Екипата на Алкалоид ја продолжи својата европска авантура. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот ќе се бори за пласман во 1/4 финалето во Европскиот Куп на ЕХФ.

Добро е познато дека Кирил Лазаров и неговите момци ги чека италијански предизвик, ќе играат против Бриксен.

Термините за одигрување на двомечот се одредени. Првиот натпевар од осминафиналето се игра на гости во Италија (15 февруари, 19 часот), додека реваншот е на домашен терен во „Автокоманда“ (22 февруари, 18 часот).

ПретходноХаос во Далас по трејдот на Дончиќ: Навивачите се појавија со ковчег (ВИДЕО)
СледноДвоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби