Бојан Димоски пред промоција во Партизан!

218

Бојан Димоски (23), нашиот репрезентативен лев бек е пред промоција во Партизан. Како што вечерва пишуваат медиумите во Србија, преговорите меѓу менаџерите на Димоски и Партизан се во завршна фаза и трансферот набргу ќе биде официјализиран.

Димоски досега играше во Русија, во тимот на Акрон. Тој прво ќе дојде во Белград како позајмен играч а потоа ќе има можност да биде и целосно откупен.

Инаку Димоски пред да замине во Акрон, во досегашната кариера играше и за Брера и Вардар.

Се наведува дека до пред извесно време Димоски се поврзуваше со трансфер во ТСЦ Бачка Топола, но сепак Партизан е Партизан.

ПретходноДа се знае дека е Балканец: Лука веднаш му ВРАТИ на Далас!
СледноЗахариевски: Сакаме Пелистер да игра поофанзивен фудбал!