Иако се очекуваше дека Шкендија, како клуб кој има еден од најголемите буџети во ПМФЛ, ќе успее да донесе некое екстра име во овој зимски преоден рок, тоа некако тешко оди. Од тоа што е вредно за одбележување, нови имиња се Ристо Јанков од Тиквеш и Фабрис Тамба од Шкупи.
Инаку факт е дека Шкендија има добар тим кој може и со сегашниот кадар да дојде до титулата, но јасно е дека треба да има засилувања.
Инаку според нашите информаци раководството на Шкендија во моментов прави математики, да не кажеме калкулации а тие велат дали да се оди по титулата или по парите.
Имено како што дознаваме деновиве во Шкендија дошла супер понуда за Аденис Шаља и тоа од Тобол (Казахстан).
За интернационалецот од Косово клубот од Казахстан нудел и тоа како голема сума за наши услови. Инаку Шаља е еден од клучните играчи на тетовските „црвено – црните“ и затоа е двојбата дали да се продаде Шаља или пак со него во тимот да се тргне по титулата.
Исто така, барем според нашите информаци, има интерес и понуди за Вебстер Роналдо и тоа од клубови од Полска. И за него сумата за отштета е голема и тоа е уште една дилема за раководството на Шкендија.
Сега останува да се види за каков потег ќе се реши Шкендија.