Јасно е дека во спортот мерило е само успехот. Така е и со Дагур Сигурдсон, Исланѓанецот кој на Хрватска и донесе сребро на СП во ракомет и затоа сега тој е Дагур “ХРВАТСОН“ според Хрватите.
Кога дојде за селектор многу тамошни стручњаци, уште повеќе откако слушнаа дека е најскап селектор во историјата на Хрватска и немаа којзнае какво добро мислење за него.
Но по ова СП Дагур е миленик на јавноста во Хрватска. Секоја чест за ракометарите, но Исланѓанецот е најзаслужниот.
Токму затоа попладнево на пречекот на плоштадот “Бан Јелачиќ“ во Загреб за него имаше и тоа како големи овации.
А тој изненаден од тоа што го гледа само кусо им порача на насобраните:
“Вие сте сосема ЛУД народ! Ве сакам! Го сакам својот тим, ги сакам сите, но најмногу Пешиќ“ и го прегрна голманот на Хрватска.
Ова секако дека наиде на “експлозија“ од воодушевување кај насобраните фанови на ракометната селекција на Хрватска.