Двоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби

47
Фото: https://www.mtftennis.mk/

Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ оствари двоен триумф на турнирот во Најроби, Кенија и со тоа ја потврди улогата на носител број 1 во двете конкуренции. Хусеиновиќ победи и во поединечна и во конкуренција на двојки заедно со Јан Сикора од Чешка. Во поединечна конкуренција А.Хусеиновиќ сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови.

Во сингл финалето Хусеиновиќ го совлада Аирик Абединзадех од Иран со 2-0 во сетови (6-3, 6-1), а на патот до финалето Хусеиновиќ ги совлада: Рафаел Хозе Де Лима Гонзалез од Венецуела со 2-0 во сетови (6-0, 6-0) во рамките на 2.коло, Педро Куероз од Бразил со 2-0 во сетови (7-6(4), 6-3) во 3.коло. Во четвртфиналето го победи Абделазиз Гуенуми од Мароко со 2-0 (6-2, 6-3), а во полуфиналето беше подобар од Србинот Марко Драговиќ со 2-0 во сетови (6-4, 6-1).

Во конкуренција на двојки со Чехот Јан Сикора во финалето ги победија тенисерите од Србија Марко Драговиќ и Урош Живковиќ со 2-1 во сетови (41 35 11-9 на поени).

Амар Хусеиновиќ и следната недела ќе има настап на турнир во Кенија.

ПретходноАлкалоид оди по четвртфинале, познати се термините за двомечот со Бриксен!
СледноДанците: Мараш го згазна Гидсел, ова е едно од најголемите валкани дела на Хрватите!