И тоа се случи: Реал Мадрид и официјално се жали на судењето!

64

Ете и тоа се случи. Најголемиот клуб во светот и официцијално, со писмо до претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лузан, се жали на судењето.

Реал Мадрид беше поразен од Еспањол на гостувањето кај Барселона, а според “кралевите“ тие и тоа како биле оштетени од страна на судите на ова средба.

Кралевите“ во едно подолго писмо до Лузан сметаат дека таква манипулација веќе не може да се игнорира.

Настаните што се случија на натпреварот ги надминуваат сите граници на човечка грешка или судиска интерпретација. Тоа што се случи против Еспањол целосно го извалка угледот на Судиската организација. Ваквата манипулација повеќе не може да се игнорира“ пишаа “кралевите“ за да потоа во жалбата во детали ги истакнуваат моментите од таа средба на која, според нив, биле драстично оштетени.

ПретходноЗахариевски: Сакаме Пелистер да игра поофанзивен фудбал!
СледноРоналдо продолжува со головите…сега има 923!(ВИДЕО)