Екс играчот на Работнички, Али Регба и официјално е претставен како нов член на тимот на Марибор.
По екстра одиграната полусезона во Дебар Маало, напаѓачот си замина од Работнички и се пресели во Словенија.
Марибор е второпласиран тим на табелата во шампионатот на Словенија и секако дека атакува на највисок пласман. Автоматски на тимот му се потребни и засилувања кои ќе одговорат на тоа.