Последен ден од преодниот рок во ТОП 5 лигите: Лудило во Милан, Хименез е промовиран, има договор и за Жоао Феликс!

786

Денеска завршува зимскиот преоден рок во ТОП 5 лигите во Европа. Во Германија веќе заврши, рокот беше до 18 часот, во Италија ќе трае до 20, часот, во Франција истекува во 23 часот, а во Англија и Шпанија до 24 часот.

Сепак во текот на денот најлудо беше и е во Милан. Гигантот од Милано прво се пофали со Сантијаго Хименез од Феенорд, фантастичниот напаѓач од Мексико а готово е и со Жоао Феликс, кој доаѓа од Челзи. Има договор, се чека само на промоција.

Манчестер Сити го “собра“ Нико Гонзалез од Порто, додека Тотенхем успеа да го добие Матијас Тел од Баерн Минхен и тоа на позајмица.

Динамо Загреб го продаде Сучиќ во Интер, додека Заниоло потпиша за Фиорентина.

ПретходноШкендија со пораз од Сент Полтен во Анталија!
СледноНоер во Баерн Минхен до 2026! (ФОТО)