По шокантниот трејд на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, Словенецот на својот Инстаграм профил се огласи заблагодарувајќи се на својот поранешен клуб.
„Тука дојдов пред седум години како тинејџер за да го следам мојот сон да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам кариерата и навистина сакав да ви донесам титула.
Не можев да сонувам за љубовта и поддршката што ги добив овде. Го направивте Северен Тексас дома за едно дете од Словенија, кое за прв пат пристигна во САД. Вашата поддршка не е променета во добри и лоши времиња, од повреди до финалето на НБА. Ви благодарам што не само што ја споделивте мојата среќа во најдобрите моменти, туку и што ме подигнавте кога ми требаше“.
Потоа се обрати до клубот, во кое му се заблагодари и му порача на градот дека таму засекогаш ќе се чувствува како дома. Означувајќи ја буквата „МФФЛ“ (навивач на Мавс доживотно).
„Далас е посебно место, а навивачите на Мавс се посебни фанови. Ви благодарам најдлабоко од нашите срца“.
Да потсетиме, во неочекуван трејд Дончиќ вчера се пресели во Лејкерс, а Ентони Дејвис во Далас Маверикс. Заедно со Дончиќ, на Лејкерси ќе им се приклучат и Макси Клебер и Маркиф Морис, а на Далас ќе му се приклучат Макс Кристи и пикот од првата рунда на драфтот од 2029 година.
Дончиќ во својата седма сезона во НБА лигата има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции, но поради повреда нема играно од Божиќ и се очекува да се врати во февруари.