Никола Серафимов уште еднаш потврдува дека е во одлична форма и дека полека, но сигурно, станува еден од клучните играчи на тимот на Фехервар. Имено македонскиот стопер е во тимот на 18.коло во елитната лига во Унгарија и тоа поради одличиот настап на дуелот против Пушкаш.
На тој натпревар, кој се одигра во саботата, неговиот тим победи со 1:0 а Серафимов беше најдобро оценет играч и токму затоа се најде, апсолутно заслужено, во тимот на колото.
Секако дека ова се добри вести за нашиот селектор Благоја Милевски пред стартот на квалификациите за СП 2026, кои за нас стартуваат во март.