Она што се најавуваше, а беше и за очекување е и официјално. Лисандро Мартинез ќе биде надвор од терените повеќе од осум месеци, што значи за него оваа сезона е завршена.
Аргентинскиот стопер во дресот на Манчестер Јунајтед вчера на мечот со Кристал Палас ги скина вкрстените лигаменти на левото колено, ова попладнево е потврдено.
Јасно е дека оваа повреда на Мартинез доаѓа во најлош момент за стратегот на Јунајтед Рубен Аморим кој со својот тим има катастрофални резултати.