До крајот на преоднио рок остануваат уште неколку часа. Познато е дека во Ла Лига, во ПЛ и Серија А тој ќе трае до 24 часот, додека Лига 1 до 23 часот, во Бундеслигата тој заврши.
Па така Астон Вила и официјално го претстави Марко Асенсио кој дојде од ПСЖ. Исто така и Бенфика се пофали со ново име, тоа е Италијанецот Андреа Белоти.
Сепак “бомбата“ може да ја детонира Арсенал. Како последна вест од Островот се вели дека “топчиите“ со 72 милиони евра тргнуваат за последен пат по Оли Воткинс, напѓачот на Астон Вила и селекцијата на Англија. Засега нема детали околу овој најавен трансфер.
Сепак до полноќ има време.