Хаос во Далас по трејдот на Дончиќ: Навивачите се појавија со ковчег (ВИДЕО)

546

Во знак на протест против одлуката на Далас Маверикс да го размени еден од нивните најдобри играчи Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, група навивачи симболично носеа ковчег надвор од арената.

Навивачите на Далас организираа голем протест пред статуата на Дирк Новицки во комплексот „American Airlines Center“ во знак на протест против трејдот на Лука Дончиќ. Многумина од нив носеа дресови на Дончиќ и транспаренти со пароли како „најлошата франшиза досега“.

Вознемирувачки детал од протестот беше ковчегот со логото на Маверикс, симболизирајќи дека навивачите веруваат дека тимот е осуден на пропаст по овој потег.

Ситуацијата дополнително се искомплицира со тоа што многу ѕвезди од лигата, меѓу кои и Девин Букер, беа во неверување и не знаеја кој е Лука. Целото сценарио, заедно со реакциите на навивачите, покажува колку беше неочекуван овој трејд и колку го потресе светот на НБА.

ПретходноНа Далас му се случи потоп после трејдот на Лука Дончиќ (ВИДЕО)
СледноАлкалоид оди по четвртфинале, познати се термините за двомечот со Бриксен!