Ракометната репрезентација на Хрватска е сребрена на штотуку завршеното Светско првенство кое се одржа токму во нивната земја. На изненадување на многумина домаќинот одигра маестрален трунир и потклекна на последното скалило пред освојување на златото. Данска беше пресилна за хрватите, кои и со сребрениот медал се вистински национални хероји.
Во моментов се случува нивниот пречек во центарот на Загреб, на плоштадот „Бан Јелачиќ“ каде што традиционално сите успешни спортисти се пречекувани.
Овојпат од десетици илјади навивачи кои чекаа неколку часа да пристигне автобусот со нивните хероји.
Секако во преден план ведетанот Дувњак кој и официјално се прости од репрезентацијата со синоќешното финале, а публиката со овации ги подздрави буквално сите особено селекторот.